Удобен скандинавски апартман со историски елементи

Овој удобен апартман се наоѓа во срцето на Гетеборг, Шведска, на третиот кат од една урбана зграда. Апартманот наликува на оригинален средновековен стан со високи ѕидови, дрвен под и железни радијатори.

Детска соба во скандинавски апартман

Боите во апартманот се микс на традиционален шведски стан, црна, сива и бела. Во детската соба и во дневната освен традиционалните бои, доминираат и розевата и плавата боја.

Кога влегувате во апартманот прво е ходникот, а внатре имате три големи соби, со бели ѕидови кои го прават овој апартман светол и удобен. Како што чекорите внатре ќе дојдете и до прекрасната дневна соба која излегува на мал балкон.

Кујната и трпезаријата се со оптимална големина, има доволно простор за да ги поканите пријателите на вечера. Додека пак на малата тераса ќе можат вашите пријатели да уживаат со чаша вино и да го гледаат зајдисонцето.

На крајот од апартманот е големата спална соба, со многу смирувачки амбиент. Тука слободно може да се постави голем кревет, простор за читање и мала работна маса. Додека пак десно од ходникот е втората спална соба која е наменета за гости.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди