Седум идеи како вашиот балкон да го направите градина

Не мора да живеете во куќа за да имате своја градина. Дури и најмалиот балкон може да го направите убава шарена градина. Се што ви треба е малку имагинација и желба. Погледнете ги овие примери и инспирирајте се.

Балкон - Градина

Балкон од кој ќе ви застане здивот
Леле! Сликата зборува сама за себе не се потребни зборови. Погледни ја оваа прекрасна градина во Трентино во Италија. Некој вложил премногу напор за да го направи овој балкон прекрасен.

Балкон - Градина

Горе во воздухот
Немора секогаш саксиите со цвеќиња да ги редиме на подот. Можете да имате градина на балконот но и комфор и простор за седење. Како може да го направите тоа? Како на сликата ставите ја градината горе во воздухот. Изгледа неверојатно нели?

Балкон Градина

Розева градина
Боите на оваа балконска градина се прекрасни. Толку нежни и убави, се согласувате? И идејата со скалата каде стојат саксиите е одлична. Оваа убава градина има отворен простор, растенија и топлина на балкон. Се изгледа идеално!

Балкон - Градина

Зелена оаза
Направете го обичниот и здодевен балкон во зелена оаза. Место каде што ќе уживате и ќе го потрошите своето слободно време. Се разбира и вашите пријатели ќе уживаат исто така! Засадете некое шарено цвеќе, ставите една или две удобни столчиња, и имате свое мало катче, каде што може да избегате од здодевниот градски живот.

Балкон - Градина

Зен балконот
Модерен балкон кој изгледа како совршено место за да го имате вашиот Зен момент. Исклучете го мозокот, направете си добаро кафе и уживајте во животот.

Балкон - Градина

Романтичен балкон
Можеме да приметиме дали едно семејство сака зеленило само со гледање на нивниот балкон. Ова семејство дефинитивно го сака зеленилото. Но светилките на балконот даваат една преубава романтична атмосфера. Ви се допаѓа нели?

Балкон - Градина

Удобен балкон
Преубаво место каде можете да уживате. Мала стаклена маса и удобно место за седење го прават овој балкон совршен. Но неколку мали детали го прават посебен како што се саксиите на ѕидот.

Сподели го ова преку:
  • 8
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!