Направете градина од бајките со скршена саксија

Ако ви се скршила глинена саксија, не очајувајте и не фрлајте ја веднаш. Таа може да се употреби и да се трансформира во преубава градина како од бајките.

Ќе бидете изненадени, како лесно од скршена саксија може да направите нешто уникатно и на многу лесен начин. Со помош на видео туторијал, ќе ви покажеме како вие сами да го направите ова дома.

Скршена саксија - Градина

На фотографијата горе може да видете пример. Саксија, со дрвце од десната страна и печурка на врвот, која навистина изгледа одлично.

Друг пример е со замок како од бајките, кој е поставен на врвот од саксијата за да се добие комплетната слика.

Скршена саксија - Градина

Идеи, може да добиете од нашата галерија на фотографии, но сепак сè останува на вас. Може да ставите што сакате, од мали и големи дрвца, замоци, самовили, оградии, скалички и слично. Исто така, може да користите и саксии во било која големина.

Внимавајте! Кога ја кршите саксијата, користете опрема за заштита, како ракавици и очила.

Овие градини бараат посветеност и одржување, затоа, редовно поливајте ги со вода.

Во продолжение, погледнете го видеото и научете како сами да направите ваква градина од бајките.

 

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!