WaterNest 100 – Гнездо на вода

Дизајнирана од италијанскиот архитект Џанкарло Зема, оваа викендичка го носи името WaterNest 100 која зафаќа површина од 100 квадратни метри. „Гнездото“ на вода е 12 метри во дијаметар и 4 метри високо, изработено од рециклирано ламинирано дрво и рециклиран алуминиум.

Балконите се сместени на две страни и благодарение на големите прозорци, се создава голема светлина во внатрешноста и одлични моменти за уживање на вода со фасцинантен поглед на природата. Ова „Гнездо“ може да се употребува како место за живеење или угостителски објект, исто така, нуди можност за употреба како статичен или пловен објект. Но секако, наменето е за краток престој, односно, место за одмор и релаксација.

Прозорците на бањата и кујната се сместени на дрвениот кров кој апсорбира сончева светлина преку соларни панели. „WaterNest 100“ е водоотпорна викендичка и може да биде позиционирана на река, езеро или плажа на поморски области со мирна вода.

Во внатрешниот простор на „WaterNest 100“ се вклучени дневна соба, трпезарија, спална соба, бања и кујна или може да се конфигурира според различни начини за живеење и работни потреби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди