Вила Баџаку – Кариби

Вила Баџаку, е ремек-дело кое се наоѓа на Карибите дизајнирано од врвниот архитект Марко Алдако, кој е познат по неговата фантастична идеја, мајсторство и избор на материјали и бои.

Баџаку – Што во превод значи Изгрејсонце се наоѓа над прекрасниот остров Провиденсиалес.


Вилата има 6 спални соби, а нејзината локација се наоѓа на највисокото место на јужниот дел од овој остров, така што, претставува утринска глетка од соништата. Баџаку надворешен базен кој, исто така, има прекрасен поглед кон тиркизното море. Додека уживате во комотниот базен може да го гледате изгревањето и заоѓањето на сонцето. Овој имот е сместен во „Beach Club“, со реновирана, сопствена и безбедна плажа.

Вила Баџаку - Кариби

Куќата содржи голема Кујна, Трпезарија, а од главната спална соба се излегува директно покрај надворешниот базен. Секоја од останатите соби е вкусно уредена во модерен стил со уникатен ентериер и уникатни парчиња мебел, со весели и освежителни бои за вашето око.

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку - Кариби

Гостинските соби служат како приватна оаза, а секој апартман има прекрасен поглед со заоблена Веранда – Тераса.

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку поседува и одлично опремен фитнес центар, а кујната би била идеална за сите оние кои обожуваат готвење. Во вилата се наоѓа и просторија за перење облека, гаража за два автомобила, одлично опремена работилница, модерен и софистициран сигурносен систем, соларен систем за напојување енергија, неколку автомобили за голф и секако голф терен за љубителите на овој спорт.

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку - Кариби

Вила Баџаку, се простира на површина од 2.000 квадратни метри, а исто така, поседува и приватна шума, односно, парк каде што ќе можете наутро да џогирате или едноставно да прошетате во прекрасното зеленило.

Сподели го ова преку:
  • 8
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!