Модерна игра со внатрешниот и надворешниот простор

Оваа куќа се наоѓа во Лима, Перу, располага со простор од 500 квадратни метри и е структурирана на три нивоа, секое поспектакуларно од претходното.

Модерна резиденција во Лима - Перу

Според изведувачите на проектот во ова место за живеење важни се три работи: задоволување на функционалните потреби на семејството, адаптирање на дизајнот со тешка топографија, комплициран и скап објект со поглед кон теренот за голф кој е во непосредна близина до објектот.

Градината и базенот се наоѓаат на првото ниво, додека приватноста е на второто и третото ниво. Секој ентериер од подот до таванот е со прозорец кој се отвара и дава магичен поглед кон градината и базенот.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  • 1

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!