Куќата што лебди

Куќата што ја дизајнирал полскиот архитект Marcin Tomaszewski изгледа како да лебди во воздухот, а овој извонреден дизајн станал неверојатно популарен на социјалните мрежи како што е Facebook.

Всушност се работи за куќа која е предвидена на две нивоа (2 спрата), а долниот дел од надворешната страна е обложен со огледала, така што претставува визуелна илузија, односно како овој станбен објект навистина да лебди во воздухот.

Куќата е изградена во полскиот град Варшава. Цената сè уште не е одредена, но творецот на идејата смета дека според трошоците за градење, оваа куќа не би требало да има огромна цена иако е многу популарна, но тоа ќе го дознаеме подоцна – вели тој.

За илузијата да има уште поголемо влијание, куќата е дизајнирана исклучително со дрвени материјали. „Во моментот на отварање на вратата на првото ниво, внатрешноста изгледа како да влегувате во сосема друга мистериозна димензија“, наведува Marcin Tomaszewski.

Сподели го ова преку:
  • 1
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk