8 собни растенија кои се безбедни за вашите домашни миленици

Сите ние ги обожуваме нашите домашни миленици и би направиле се за да ги заштитиме. Кога е во прашање уредување на домот со собни растенија, мораме да бидеме многу внимателни. Зеленилото кое би го отстраниле од нашиот дом е поради стравот од она што би можело да им се случи на нашите животински пријателчиња, ако изедат некој отровен лист или цвет од нашата билка.

Добрата вест која мораме да ја споделиме со вас, е дека мачките и кучињата можат да коегзистирааат со растенијата во нашиот дом, но само со правилна селекција.

Мачка и Хлорофитум

Уште подобри вести за вас! Постојат, многу собни растенија, кои всушност се безбедни за нашите миленичиња кои, исто така, можат да ги направат здрави и среќни. Често гледаме на социјалните мрежи, прекрасни растенија, но за жал има доста од нив кои се отровни и штетни.
Ако сакате да имате, убав зелен дом, а притоа вашите миленици да бидат безбедни, направивме селекција од неколку прекрасни растенија. Овие цвекиња, освен што ќе ви го направат домот поубав, вие ќе бидете спокојни со вашите домашни миленици.

Воздушни Цвеќиња
Овие растенија не се токсични за вашите миленичиња, а вооедно се лесни за одржување. Еднаш неделно ако им давате на вашите миленичиња од овие листови, тие ќе имаат нова играчка за џвакање. Но, исто така, овие растенија се прекрасни за вашиот дом, делуваат многу позитивно во просторот и го прочистуваат воздухот.

Воздушно Цвеќе

Хлорофитум
Ова растение поради својата форма често е отстрането од нашиот дом или го чуваме подалеку од нашите домашни миленици. Но, повеќе немате потреба за грижи, ова цвеќе е сосема безбедно за вашите крзнени пријателчиња.

Хлорофитум

Калатеа
Ова преубаво цвеќе, ќе го разубави секој агол во вашиот дом. Калатеата, исто така е и одлична за вашите миленичиња. Ова цвеќе има прекрасни листови, со што ќе го направи уникатен вашиот дом.

Калатеа

Бокарнеа
Дали знаете дека овие смешни мали растенија во вид на палма, воопшто не се ни палми? Ова слатко растение е придонесува да имате подобар мир во вашиот дом. Со овие еластични безбедни цветови за вашите миленичиња, ќе му дадете живот на вашиот дом, а воедно ќе се чуствувате дека сте во некоја тропска оаза.

Бокарнеа Рекурвата

Бромелија
Со овие еластични убави растенија кои се безбедни за домашните миленичиња, дефинитивно ќе му дадете тропска вибрација и малку боја на просторот во вашиот дом.

Бромелија

Орхидеа
Орхидеите се безбедна и елегантна опција, за секој модерен дом. Кога зборуваме веќе за миленичиња, тие ги обожуваат и се многу среќни околу нив.

Орхидеа Цвеќе

Божиќен Кактус
Овие растенија се идеални за одгледување и ќе ги имате преку целата година бидејќи растат и во зима.

Божиќен Кактус Цвеќе

Ехеверија
Дали имате идеја каде да ги ставите овие сукуленти во вид на Роза? Тие изгледаат апсолутно извонредно во центарот на некоја мала маса или на некое друго место, каде што може да прикаже своите убавини додека цветаат нејзините врвови.

Ехеверија

Сподели го ова преку:
  • 7
  • 1
  •  
error: Содржината е заклучена!