4 трикови со лимон

4 трикови со лимон, кој можете да ги користите секој ден.

Постојат, милион причини зашто лимонот е одлично овошје, освен, што е богат со витамини помага многу и низ дома. Сигурно не сте знаеле, но тој е најпрактична алатка во кујна, особено за чистење. Применете ги овие четри трикови во домот, многу ќе си помогнете и вооедно нема да користите хемикалии за чистење.

Направете коцки лед

Топлото време пристигна кој не би сакал да се освежи, со коцка лед лимон. Се што ви треба е да исечете парчиња лимон, ставете го во калап за мафини и додајте вода. Ставете ги ладалник и имате коцки лед.

Исчистете го фрижидерот

Сакате да се ослободите од лошиот мирис во вашиот фрижидер за само неколку часа? Земете сунѓер за чистење , ставете на него сок од лимон и едноставно ставете го во фрижидерот.

Продолжете го “рокот на траење” на земјоделските производи

Многу често знаеме да купиме повеќе овошје и зеленчук од што ни треба дома. Исцедите сок од лимон на јаболка, компири, круши или карфиол, така овие производи би биле свежи подолг период.

Исчистете ја микробрановата печка

Дали е време да ја исчистите микробрановата печка? Измешајте 1,5 чаши вода со 3 супени лажици лимонов сок, ставете го растворот во микробранова печка и вклучете ја 5 минути. Потоа едноставно избришете ја целата нечистотија.

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!